Бочварски откри кога ќе биде завршена пругата кон Бугарија

by Fokus

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва информираше дека железничкото поврзување со соседна Бугарија, може да се очекува за пет години.

„Тунелот на железничката пруга со Бугарија ќе биде 5 километри, 2,5 на нашата страна и 2,5 км на бугарска. Само тој тунел чини 70 милиони евра. Бугарите работат на проект брза пруга и сакаат да се поврзат на овој Коридор 8 со нас. Третата делница, што чини преку 400 милиони евра од Крива Паланка до Деве Баир, според динамиката, треба да се гради 4 години. Нашите очекувања се дека ќе започне наредната година и до 2027 година да ја изградиме оваа трета делница“, рече Бочварски.

Поврзани новости