По иницијатива на Националниот демократски институт и Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 во Собранието е формиирана неформална група пратеници “Пратеници-пријатели на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија – Охридскиот регион”. Координатор на групата е Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин, а членови се: Томислав Тунтев, Ирена Стефоска, Африм Гаши, Васко Ковачевски.
-Ова претставува позитивен пример за успешна соработка помеѓу пратениците од различни политички провениенции, невладиниот сектор и граѓаните. Нѐ обедини заедничката цел да придонесеме за зачувување на Охридскиот регион – нашето единствено светско природно и културно наследство, рече Маја Морачанин.
Таа истакна дека зачувувањето на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион мора да биде врвен приоритет за сите надлежни институции. Додаде дека, според наодите на реактивната мисија на УНЕСКО, севкупната состојба на конзервација е ранлива и доколку приоритетните препораки не се имплементираат во тек на следните две години, Охридскиот регион може да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.