Следниот четврток Врховен ќе одлучува за жалбите на одбраната во „Смилковско Езеро“

by fokus

Врховниот суд за следниот четврток, 29 јуни, ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.

Како што соопшти Судот, седницата ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд.

Судот претходно двапати ја одложи оваа седница, која прво требаше да се одржи на 30 мај, па беше презакажана и повторно одложена на 9 јуни, бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.

Поврзани новости