545
За попладне е закажана прес-конференција на т.н. „Републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ“.
Во соопштение до медиумите, организаторите пишуваат дека на настанот ќе се обрати координаторот на Републичкиот Штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, во присуство на претставници од републичкиот, регионалните и општински штабови.
Темата е промовирање на функционалноста на регионални штабови за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и обраќање до Претседателот и останатите тела на Партијата, со цел започнување на процесот на суштински реформи во ВМРО ДПМНЕ.