Мендух Тачи вчера се појави во СЈО

by Fokus

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи вчера пак се појави во Специјалното јавно обвинителство.

Останува нејасно дали Тачи во СЈО се појавил во својство на осомничен или во својство на сведок.

Во таканаречените „бомби“ што ги објави лидерот СДСМ, Зоран Заев можеше да се слушне разговор меѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков, екс шефот на тајната полиција. Од разговорот може да се слушне како Тачи за време на локалните избори во 2013 година спроведува барање од Мијалков, членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласањето во Струмица.

Поврзани новости