Форензичар за потрагата по Данка: Мислам дека ја распарчиле или ја запалиле, а деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

by Fokus

Девојчето Данка Илиќ (2) е убиена на 26 март годинава во Бањско Поље, а Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) се осомничени за злосторство какво што Србија не памети.

Драгијевиќ во Вишото јавно обвинителство во Зајечар го призна убиството на детето, дека телото го фрлил на депонија, но два дена подоцна го префрлил на друга локација која не сака да ја открие. Срѓан се бранеше со молчење, а по службена должност му го откажа полномошното на својот адвокат.

„Мое мислење е дека осомничените направиле нешто со телото на девојчето. Дека ја распарчиле или ја запалиле, а деловите ги однеле можеби дури и на 50, 60 километри. Тие грешат ако мислат дека ќе добијат помала казна бидејќи го нема телото. ДНК на детето е пронајдено во возилото на осомничените за да бидат осудени на доживотен затвор“, вели Часлав Ристиќ, српски форензичар.

Според него, единствена шанса да се најде телото на девојчето Данка Илиќ е на осомничените во затвор да им пработе совеста.

„Од моето долгогодишно искуство, се случува осомничените по одредено време да бидат свесни за тоа што направиле и да побараат разговор со обвинителот за да откријат што направиле со телото. Неретко се случува осомничените да имам грижа на совест, меѓутоа, се сеќавам на случаи кога осомничените молчеа за телото 40 години и ја носеа тајната во гроб“, објаснува Ристиќ.

Поврзани новости