Официјалната причина за смртта на Метју Пери се уште не е објавена, иако првично беше наведено дека актерот починал од давење во својот дом, а форензичарот Мајкл Баден смета дека вистинската причина за неговата смрт е скриена.
Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес на 28 октомври, а официјалните наоди сè уште не се објавени и се очекува да бидат потребни четири до шест месеци.
Првите токсиколошки наоди укажуваат дека во неговото тело немало фентанил или метамфетамин, а во домот на актерот биле пронајдени само лекови препишани за неговата болест.
По овие сознанија се огласи поранешниот форензичар и лекар Мајкл Баден од Њујорк, кој се уште се прашува што би можело да биде причината за смртта на Пери.
„Доколку Метју Пери умреше од срцев удар, тоа веднаш ќе беше видливо и тие ќе го кажеа тоа. Информациите што ги имаме се дополнителни и укажуваат дека поради некоја причина ја кријат вистинската причина“, изјави Баден за Fox News.
Тој претходно за медиумите изјави дека е можно истрагата да потрае, бидејќи Метју Пери е поранешен зависник од дрога и има различни здравствени проблеми, кои настанале како последица на зависност. Тука е и фактот дека тој бил пронајден во џакузи, па се посомневале за топлотен удар и давење.
Но, бидејќи во неговиот систем не беа пронајдени недозволени супстанци, а како главна причина не беше наведен срцев удар, Баден се сомнева дека нешто се крие од јавноста. Тој, исто така, рече дека не објавиле дали е пронајден Викодин или алкохол, кој Пери го користел додека бил зависник.
„Она што би го помислил во овој момент е дека нема докази за природна состојба што би предизвикала смрт. Не знаеме за давење. Знаеме дека е мртов, но дали голтал вода или не, тие мора да го знаат тоа.Сепак, тие се уште не сакаат да откријат“, изјави Баден.