284
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утринава пристигна во ненајавена посета на Украина.
На социјалната мрежа Х таа објави фотографија со украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека дошла во Киев за да разговара за пристапот на Украина во Европската Унија.
„Овде сум да разговарам за пристапот на Украина во Европската Унија. Финансиската поддршка на ЕУ за обнова на Украина како модерна, просперитетна демократија. И како ќе продолжиме да ја натераме Русија да плати за својата војна за агресија“, напиша Фон дер Лајен.