Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во објава на својот Твитер-профил денеска изрази надеж дека сите партии во македонскиот парламент ќе ги поддржат уставните измени и патот на земјата кон Европската Унија.
Објавата на Фон дер Лајен е во контекст на нејзината средба со премиерот Димитар Ковачевски одржана вчера во Атина, на маргините на неформалната вечера што по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ од Самитот ЕУ – Западен Балкан ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
„Добра размена на мислења со премиерот Димитар Ковачевски. Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата влада во Парламентот. Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат, за придвижување на европскиот пат на Северна Македонија. Северна Македонија припаѓа во ЕУ“ – напиша шефицата на ЕК на Твитер.
Good exchange with PM @DKovachevski.
I welcomed his government’s tabling of the Constitutional amendments in Parliament. I hope all parties will support it, to move forward on North Macedonia’s European path.
North Macedonia belongs in the EU. pic.twitter.com/pH2LMcjZCO
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 21, 2023