Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи со делење вакцини низ светот

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија (ЕУ) ќе ги интензивира инвестициите во азиските земји повеќе од кога било досега и дека дополнително ќе се продлабочува соработката во борбата против кризите во областа на здравството, економијата и климата, јавува Анадолија.

Фон дер Лејен зборуваше на прес-конференција по 13-тиот состанок Азија-Европа (ASEM) одржан преку видео-конференција.

-ЕУ и Азија се посебни светови, но никогаш не сме биле толку блиски, рече Фон дер Лејен.

Таа нагласи дека ЕУ и Азија треба да соработуваат во борбата против коронавирусот, подобрувањето на економијата погодена од пандемијата и климатските промени.

-Успехот на Азија ќе биде успех на Европа и обратно, изјави Фон дер Лејен.

„Европа веќе испорача над 550 милиони дози вакцини во земјите од азиско-пацифичкиот регион. Ќе продолжиме да ги споделуваме вакцините со светот”,додаде шефицата на Европската комисија.

Поврзани новости