Зошто министерот за здравство не поднесува оставка?

by Фокус

Само во последните неколку дена, во земјава имаше неколку смртни случаи, кои го вклучија алармот за тревога – што се случува во македонското јавно здравство?

За само три дена починаа две родилки, новороденче и 14-годишно девојче, а семејствата на сите нив обвинуваат за лекарски грешки.

Во меѓувреме, министерот за здравство, Никола Тодоров, ниту еднаш не се појави во јавноста да даде изјава или барем да им ги објасни на граѓаните последните настани со смртни последици, а не, пак, да понесе морална одговорност и да си поднесе оставка.

Тој е зафатен околу преговорите за договорот од Пржино, па што е изненадувачки за него, веќе два месеца нема свикано прес-конференција.

За време на неговиот мандат имаше уште неколку смртни случаи на деца на Инфективната клиника, потоа смртта на малата Тамара од Велес, која чекаше државата да ѝ плати операција во странство и уште еден куп сомнителни лекувања и лекарски грешки

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”