Зоран Заев: Власта ми го монтира „Поткуп“ со сечена и лепена снимка

by fokus

Додека сѐ уште беше свежа кривичната пријава против лидерот на СДСМ Зоран Заев, за случајот „Пуч“, властодршците решија да му поднесат уште една, за поткуп, да се најде за секој случај.

Според неа, Заев, наводно, од струмички бизнисмен побарал мито, односно бараната приватизација на градежно земјиште ја условил со донација за изградба на црква. Како главен доказ од МВР и обвинителството посочуваат снимка, на која наводно се гледа како Заев го бара митото, но овој „доказ“ стана спорен кога истата протече во јавноста.

Сега дознаваме дека снимката била презентирана откако најпрвин од неа биле исечени два дела од разговорот за да се добие впечаток дека Заев бара мито.

Тој за „Фокус“ објаснува како бил наместен, односно вели дека недостасува делот каде што му вели на бизнисменот дека може да донира и градежен материјал наместо пари, а кај брат му во менувачницата може да ги смени еврата

Пишува
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”