Од 2006 – 2008 бев виш советник во кабинетот на министерката Јанкулоска. Но, кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ направија коалиција, им станав трн во око. Јас сум жртва на процесот, јас сум колатерална штета.
Во регионот во кој дејствував, Тетово и Гостивар, имав непосреден увид на целата оперативна продукција. Тоа значи дека сум знаел за повеќемина кои се и какви се, за повеќе од нив сме воделе обработки од различен тип. Од нивното инволвирање во демонстрации од 1981 почнавме да ги следиме.
Тоа е причината за да ме замолчат и да ме притворат, вели Хисен Муслиу во интервју за „Фокус“, кој по шест години судска голгота, поради застареност на делото, конечно е ослободен од вината за наводно фалсификување на соработничките досиеја од тајната служба на поранешна Југославија под кодните имиња Ибар, Вујко, Мама и Стрелец, во кои се препознаа највисоките партиски челници на ДУИ, а есента 2010 година беа објавени во македонскиот печат
Разговараше
Љубиша АРСИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”