Неочекуваното заминување на Мухамед Зекири од позицијата главен уредник, но и од програмите на Алсат телевизија беше збунувачка вест, која помина без објаснувања за причините и за поводот.
Ексклузивно за „Фокус“, Зекири признава дека ваквиот крај на неговата кариера во Алсат е резултат на притисоците на ДУИ врз сопственикот, Ферик Велија, односно неговите врски и пријателства со врхушката на интегративците.
Како главен фактор за неговата „егзекуција“ го посочува Беким Незири, кој сега е поставен за шеф на Изборниот штаб на ДУИ.
За првпат открива дека имало обиди да биде замолчен и порано, но успевал да се справи со тоа.
„Нема да дозволам врз мој грб да се извршуваат некои политики со кои не се согласувам. Нема да дозволам да му служам на злото“, ја објаснува Зекири својата одлука за заминување од Алсат и најавува дека наскоро ќе го гледаме на програмите на друга телевизија.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”