Дали кумот на Груевски е дел од бизнисот тежок половина милијарда евра!?

by irena 00:00
00:00

Во последниот период, во јавноста сѐ почесто се врти името на Ристо Новачевски, прв венчален кум на премиерот Никола Груевски.

Според информации на опозицијата, Новачевски влегол и во бизнисот со дијализа на бубрежно болните во Македонија, преку фирмата „Метрополитен“, чиј сопственик е Вера Иванова.

Според документите, неговото име не фигурира никаде, но нашите извори тврдат дека тој е во заднина на фирмата, која заедно со „Систина“ на Орце Камчев влегоа во бизнисот тежок рекордни половина милијарда евра.

Освен тоа, кумот на премиерот се најде и во „бомбите“ на Заев како еден од сопствениците на фирмата што ги купила градежните парцели на Водно.

Околу неговото име се вртат многубројни функции и како член на повеќе управни одбори и директор на компании

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”