Опозициските муабети дека власта „силува“ на секои избори не држат баш многу вода ако се види, не каде победува ВМРО-ДПМНЕ, туку каде губи.
А губи онаму каде што луѓе со висок личен авторитет успеваат да ги убедат своите соседи и сограѓани да го дадат својот глас против власта, било свесно (примерот со Заев и неговите соседи што го почитуваат), било несвесно (Груевски сигурно без да сака постигнал соседите да гласаат против него).
Како да се претвори секое македонско село во Муртино, а секое избирачко место во урбаните средини во пандан на И.М. 2662, е прашање кое има само еден одговор. Ако гласаат луѓе, тогаш само луѓе може да ги убедат да гласаат за вистинските луѓе и против погрешните луѓе.
А гласаат луѓе, сепак гласаат вистински реални луѓе. Како тие луѓе да ги убеди опозицијата да „не ѝ дадат“ уште еднаш на власта?
Пишува
Нено БОГДАН
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”