За шефот на тајната полиција не смее да се пишува јавно!

by Фокус

Ретко кој имал можност да му го слушне гласот на првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, но и како таков, молчалив и таинствен, во јавноста преовладува чувството дека тој е еден од најмоќните и највлијателните функционери во државата.

А, некои дури му придаваат и поголема моќ од онаа што е во рацете на неговиот братучед, премиерот Никола Груевски. Или, што би рекол народот, „тој пали, тој и гаси“.

Но, и покрај неговиот имиџ на „цврста рака во власта“, сепак шефот на тајната служба, колку и да звучи контрадикторно, има и „кревка“ душа, бидејќи сѐ почесто тужи за клевета и навреда, поради претрпена душевна болка од јавно изречен збор.

Откако пред девет месеци Основниот суд Скопје 2 му ја одмери казната на дневен „Фокус“, за написите поврзани со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, по сведочењето на поранешниот амбасадор во Прага, Игор Илиевски, сега се огласи и Апелациониот суд.

„Фокус“ има да плати, и тоа „солено“, над 9.000 евра, зашто не знаел дека информациите што ги добивал за јавниот функционер Мијалков не се од јавен интерес?!

Од јавен интерес за судот не е и мистериозното исчезнување на Илиевски по објавените написи, бидејќи луѓе секојдневно исчезнувале!?

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”