Здружение на жртвите на преродбата!?

by Фокус 18:15
18:15

Покренувам иницијатива сите казнети за клевета од врхушката на власта да формираме Здружение на репресирани за вербален деликт. И тоа сопотсекции.

Членови во сектор – Груевски се: Заев, Фрчкоски и Петковски. Најбројно членство ќе има отсекот – Мијалков. Тука, покрај Апостолов и јас, влегуваат и колегата Арсиќ, Бошкоски и Макрадули ама во 3Д димензија оти трипати го „јадел стапот“ од шефот на УБК.

- Advertisements -

Мислам дека „ол инклузив“ е Петре Шилегов. Тој е поливалентен, сите ги има оставено без сон, со тахикардии и такви ми ти салтанати.

Еден ден, во Музејот на жртвите на комунизмот ќе треба се догради дел за жртвите на преродбата. Сите во восок да бидат излеани. Тужителите заслужуваат бронза. Судиите, пак, може и тогаш да бидат направени од пластелин.

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”