За кого ќе гласаат луѓето кои ниту се желни за правда, ниту копнеат за привилегии?

by fokus

Едната партија им нуди пари, плати, субвенции, пензии на оние кои нејзе ќе ја поддржат и пак ќе ѝ го доверат на чување уште неколку години златното јаболко. Другата партија, пак, нуди одмазда за сите злодела што ги направила првата партија, при што казнети ќе бидат не само оние што директно ги извршиле злоделата, туку и секој оној кој со својот глас дозволил да остане на власт толку долго таа партија.

Голем дел од гласачите би ја поддржале партијата што им нуди материјални придобивки, особено ако ништо лошо лично не доживеале од неа. Друг дел од гласачите ја поддржува втората партија, особено ако имале самите лично негативно искуство со првата.

Но, што правиме со третиот, најголемиот дел од гласачите? Оние кои лично не виделе зло од ВМРО-ДПМНЕ, не биле самите или нивни блиски апсени и директно малтретирани, не се газди на фирми рекетирани од режимски инспекции, ама истовремено, ниту добиле, ниту очекуваат да добијат некоја привилегија или бенефиција од која било власт, и оваа и претходната? Луѓето кои ниту се желни за одмазда, ниту копнеат по незаслужена добивка?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”