Мирослав Грчев: Уривањето на „Космос“ е пародија смислена од тројца луѓе

by fokus

„Целата постапка во уривањето на „Космос“ се темели формално на нивните наоди дека објектот не е граден согласно со закон. На терен и по документација и по димензии, особено во таа фаза, не постоеја докази за прекршувања од страна на инвеститорот, туку обратно постоеше изобилство на прекршувања на законите, односно стручните, градежните, урбанистичките, планерските процедури, поими“, вели во интервју за „Фокус“ Мирослав Грчев, професор на архитектонски факултет, ангажиран за стручно вештачење во случајот ТНТ.

Грчев дел по дел ги објаснува сите аспекти на случајот за кој се зборува и 5 години по настанот. Зборува за смешни, на моменти и пародични настани кои му претходат или го следат уривањето, на носени па поништувани одлуки, па поништување на поништуваните решенија. Правен галиматијас во кој сега длабоко е влезено Специјалното јавно обвинителство.

Додека го правевме разговорот, на мобилниот телефон на Грчев стаса и веста дека еден куп инспекции влегле на архитектонскиот факултет во обид да го дискриминираат вештачењето што оваа реномирана институција го даде на СЈО.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”