Време е за ново Пржино!

by Фокус

Наспроти жените-херои, кои своеволно и без ронка дилеми се впуштија во уривање на постулатите на едно подмолно владеење, за кои „Фокус“ го посвети речиси целиот новогодишен број, стои една армија демотивирани женички, неодредено фокусирани во бенефициите и ќебапчињата на преродбата, кои се нудат како „кавијар“ на овдешниот систем.

И сите сме добро зашто нема лоши ќебапчиња за гладни женички.

Само поранешниот премиер е малку нервозен!

Така, собирот на жените на ВМРО употребен за праќање на главната порака на лидерот Груевски ја покажа сета малодушност во создавањето на граѓанското општество во Македонија.

Без да навлегуваме во сочните детали, дали жените јаделе сендвичи со шунка или ќебапчиња во Капитол мол, очигледен факт е дека оваа манифестација се претвори во сеопшто понижување на женскиот род.

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”