СВОЗ, Закачалка и МВР

by Фокус

Се сеќавам на оние фамозни акции Сите во Одбрана и Заштита, под мотото „ништо не смее да нѐ изненади“! Е сега сме оригинал во СВОЗ филм – сите дворјани во Одбрана и Заштита на Власта, а нас, пак, веќе и ништо од оваа власт не може да нѐ изненади.

Пред шест-седум години се отепував од смеење кога Мирка Велиновска нѐ убедуваше дека никако не смееме да оставиме капут на закачалка во кафеана. Објаснувањето за таквата недоверба кон кафеанската закачалка ѝ беше дека „полицијата може да ти подметне дрога“!

Тогаш ми беше забавна ваквата „теорија“, денес, пак, ѝ оддавам признание за советот. Не знам дали држи до истиот однос кон закачалката и МВР, ама мене веќе ми е страв и кусур да земам во гранапче!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”