„Електрани на Македонија“, акционерско друштво во државна сопственост, е убедливо најголемиот потрошувач на јавни пари, и тоа за потребите на најголемиот произведувач на струја во земјава – РЕК „Битола“.
Највисоките тендери ги добиваат компании што се споменуваат и во една од „бомбите“ на Заев, во која Груевски и ексдиректорот на ЕЛЕМ, Чингоски, говорат како преку тендери за ископ на јаглен да им се удоволи на компании битни за власта. Меѓу нив опозицијата ги препозна Силјан Мицевски, Сеад Кочан и Горан Иванов.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, за четири години, ГП „Пелистер“ на Силјан Мицевски заработила близу 110 милиони евра од шест тендери со АД „ЕЛЕМ“, а „Трансмет“ на Сеад Кочан“, пак, кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола!
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”