Им се гледа ли крајот на племенските водачи Груевски и Ахмети?

by fokus

Пораката што се упатува со ангажманот на новинарот Мухамед Зекири во опозициските редови, не е никаква обична изборна тактика.

Овој потег на Заев, исто така, има за цел охрабрување на политичките елити од помалите партии на Албанците да престанат да се плашат од коалиција, а зошто да не и предизборна, со СДСМ, па со заеднички сили да му зададат удар на режимот.

Потегот на Заев на многумина им личи каскадерски, но тој е единствената стратегија за нов политички почеток во Македонија. Веројатно се уште не е дојдено време за укинување на моноетничките партии, но секако е заден час за уривање на митот дека Ахмети и Тачи ги штитат Албанците, а Груевски ги штити Македонците.

Но, кого всушност штитат тие и од што? Ја штитат Фамилијата, го штитат својот криминално стекнат имот од сиромашните, понижените и иселени граѓани кои ги држат во заложништво со својот етно-шовинизам

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”