Американската телевизиската мрежа со глобално влијание и неколкудецениско искуство, СиЕнЕн, пред крајот на годината ја објави листата на најлоши економи во светот, според пет параметри.
Според падот на БДП, најлоша е Централната Африканска Република (со пад на БДП од -14,5 %). Малави, која исто така се наоѓа во Африка, е годинава земјата со најнизок бруто домашен производ, од неверојатни 215 долари по глава на жител. Иран можеби има многу нафта, но има и многу голема инфлација од 42,3 % годишно!
На листата се најде и Јапонија, една од најсилните економии во светот, но истовремено и држава со највисок степен на задолженост. Нејзиниот јавен долг изнесува фрапантни 244 % од нејзиниот БДП.
Во друштво со Јапонија, се најде и нашата земја, една од водечките во светот според нашата Влада. Темна дамка на светлиот реформски лик на нашата економија сепак фрла бројката од 30,02 % невработеност, поради која СиЕнЕн ни ја додели титулата „најлоша економија во светот според стапката на невработеност“.
Вака или онака, лидери сме!