Шутраци

by fokus

Акционерското корпоративно друштво со неограничена неодговорност ПЈРМ или согласно Уставот РМ, покрај доминантните пакет-акции што ги поседува Фамилијата, има и удел на акции од бајаги голем пастирски буљук на посебен сој чурук човечиња.

Токму овие шапшали, кои ем се шути, ем бодат, најмногу го испогануваат општествениот амбиент и го прават дефлориран, параспур и со пречки во развојот.

Како клиентелистички акционери, тие (не)свесно прават од себе абдали и истовремено ги збудалуваат и сите асолни луѓе, создавајќи збунувачки ситуации со лиферување фризирани и небулозни изјави и поддржување и промовирање инфантилни идеи и проекти осмислени од господарот.

Тие се произход од „енергијата на новото време“ и сите со членски книшки од Организацијата со „четири свети букви“. Исто како што на времето психоболните имале жолти книшки со кои ја легитимирале својата лудост.

Пишува
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”