Власта ги исмејува обвинувањата на опозицијата за изборни нерегуларности и манипулации, кои се поткрепени и со остри забелешки од меѓународните организации, со аргументот дека изборните победи со 100 и 200 илјади гласа ги анулираат сите напади дека изборите ги добивале со изборен криминал, корупција и поткуп.
Арно ама, анализата на парламентарните избори во 2011 година, кои, според многумина беа клучните избори за опстанокот на „преродбата“, покажуваат дека доколку владејачките партии освоеле само 16.000 гласа помалку, можеле да освојат 6 пратеници помалку, кои автоматски би се слеале на контото на опозицијата.
Ако се има предвид дека тројца пратеници се избираат во дијаспората со вкупно 7.000 гласачи, тогаш само дваесетина илјади гласови можеле драстично да влијаат врз изборниот резултат и да го одлучат победникот
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”