Избори на 5 јуни? Можеби да, речиси не!

by Фокус

Браво „Мајсторе“, браво Пастиру! Со неверојатна брзина „шиба“ во бездната, настојувајќи и Македонија да ја повлече со себе. Ќе успее ли, како лидер на „сѐ и сешто“, или тој таму прв ќе стигне. Некако, сѐ се чини, така му стојат работите. И судбината, како што тој вели – „кармата“.

А неговата, не само малите деца, туку и врапчињата веќе ја знаат. Пред две недели напишав дека  „Груевски е човекот кој се плаши и од сопствената сенка“. Затоа, веќе никој не му се плаши. Потоа, сѐ се потврди.

Зошто и од што всушност поранешниот премиер Никола Груевски од сѐ се плаши? Голем страв го држи, велат, изгледа ноќе не можел да спие, сѐ почудно и попанично се однесува? Според некои од неговите, дури бесно, налутено и хистерично.

Стравот доаѓал од „Досието Македонија“ кое лека-полека, не секогаш лесно, понекогаш на „буткање“, неминовно се спроведува. Од него, му нема бегање.

И нему, а и на неговиот коалиционен „пајташ“, „вицепремиерот“ и лидер на ДУИ Али Ахмети, некому повеќе – некому помалку, им се одброени деновите. Готово е со нивните фамилијарно-партиски дружини на авторитарна, недемократска, корумпирана и криминална власт.

Иднината не ќе може да ја запрат, уште помалку да ни ја украдат.

Ниту, пак, сите да не вратат назад. Не, Македонија и нејзините граѓани, со помош на меѓународните пријатели, си ја враќаат одземената шанса таа да биде слободна, демократска, развиена и евроатлантска држава. Затоа, кој пат и да фатат Груевски и Ахмети – ќор-сокак им е!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”