Рушењето на фонтаната не било кривично дело што се гони по службена должност!?

by fokus

Основното јавно обвинителство од Прилеп ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот Марјан Ристески и непознати одговорни лица од општината за шест кривични дела во случајот со рушењето на градската фонтана, која општинарите прво ја изградија без оглас за јавна набавка, а потоа, по 7 години, на сличен начин, повторно без оглас, ја срушија.

Во целата игра обвинителите ја премолчиле и наводната донација за изградба на фонтаната од германската KFW банка од 10.000 или од 50.000 евра, како што пишува на веб-страницата на општината. Од германската амбасада, пак, од поодамна тврдат дека банката нема врска со изградбата на фонтаната!

Пишува:
Зоран МИЛОШЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”