Провладини монструми!

by Фокус

Известувањето за трагичното убиство во Ѓорче Петров, како и известувањето од случајот „Монструм“, на виделина, како многупати досега, ја извади непрофесионалноста на провладините медиуми.

И немаше да бидам испровоциран да пишувам за тие продадени души од провладините портали, весници и телевизии, доколку нивното непрофесионално известување беше само партиски мотивирано.

Овојпат, како никогаш досега, тоа беше такво известување кое поттикнува национализам, верска нетрпеливост и продлабочување на тензиите.

Кратко време по убиството на Ангел, велеа дека него го убиле тројца со секири и копачи, а притоа пласираа уште еден куп невистини!

МВР излезе со сосема други тврдења за убиството. Провладините медиуми злоупотребија убиство на младо дете за да поттикнат дополнителни тензии.

За да посеат дополнителна омраза. Да поттикнат уште национализам. За тоа не избираа средства, не почитуваа новинарски кодекси, „газеа“ преку жртви, дури и измислуваа приказни.

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”