Идеална влада во сенка на Груевски

by Фокус

За разлика од оптимистите кои сенешто големо како пресврт очекуваат во сезоната есен – зима, јас си останувам непоправлив песимист, што во наши услови значи реалист. Зашто, докажано, како песимист во Македонија не можеш никогаш да утнеш во прогнозите.

Единствено имам надеж дека наредниот период Груевски ќе оствари нешто што не ветил на избори, ниту во владината програма. Ќе си формира влада во сенка.

Тоа, додуша со доза на иронија, го нафрли неодамна во интервјуто за МИА. Му збоктисало на Премиерот на сонце што сдсмовци со години „џавкале“ дека ќе направат влада во сенка, а абер немале.

Штом се труди максимално да си стокми конструктивна опозиција, што му доаѓа нешто како „поштена интелигенција“ од Титово време, убедена сум дека влада во сенка може и со оглас или со лотарија да состави.

Сепак, „Фокус“ се обиде да помогне добронамерно со предлози што ќе одговара на преродбеничките стандарди. И со тајно гласање стокмивме дрим-тим на влада во сенка… на Груевски.

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”