Триумф над стравот

by Фокус

Кога власта станува толку моќна и недопирлива, кога бруталноста и произволната примена на сила стануваат секојдневие, критиката и објективните вести се први на удар. Прво со закон, а ако тоа не успее, со низа други методи – корупција, закана, уцена, пендрек. Медиумите се освојуваат со пари и апсења, а потоа се кршат и последните ќелии на слободната мисла со легализам преку веќе освоеното судство.

Во ќошињата на слободното изразување се влегува со безличната и безмилосна тупаница на казнената политика, за да се замолкнат и последните што не се согласуваат. Така, се раѓа проклетството за секое авторитарно владеење.

Секој што мисли слободно, станува дисидент.

Кога лудилото станува нормалност, тишината станува болест. Тоа што навикнавме да го трпиме срамотниот пад на вредностите преку поганата уста на медиумските дворјани и нивните газди, не значи дека молчењето е бескрајно.

Деновиве, лудилото ќе престане и стравот ќе исчезне.

Пишува
Џабир ДЕРАЛА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”