Секоја власт, посебно во авторитарните и тоталитарни режими, запрепастувачки опсесивно и со неподнослива леснотија ги прислушува телефонските разговори на граѓаните.
Користењето на оваа посебна истражна мерка најчесто и по правило се оправдува со верглање на мантрата „безбедност на државата“ и „заштита од тероризам“.
Кај нас прислушувањето на телефонски разговори уште со аферата „Големото уво“ од пред петнаесетина години претендира да стане национална спортска дисциплина. „Големиот брат(учед)“ е меѓу нас и слуша во секое време, а „1984“ се случува денес.
На овој начин се остварува антиутопиското пророштво на Орвел за современата репресија преку тоталитарна контрола.
Пишува
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”