Ајде да се мразиме, само да се пазиме!

by Фокус

И покрај можноста изборниот модел, сосе поделбата на изборни единици, да остане по старо и наоѓањето на ДУИ достоен спаринг партнер во ДПМНЕ во оваа стратегија, сепак нема да ја има старата шема на добивање избори со некое меѓуетничко: „ајде да се мразиме, само да се пазиме“.

Тоа од многу причини, некои од нив допрва ќе бидат јасни доцна есента или во зима, но, пред сѐ, поради настаните во Куманово во мај и самите избори напролет.

Кумановските настани годинава беа и ќе останат еден од најголемите тестови колку меѓуетничкото во Македонија може да се употреби во некакво политичко преиначување.

Ако овој, со секој нов објавен детаљ, сѐ посомнителен настан, се разјасни уште повеќе, ќе биде јасно на што сѐ биле спремни некои само за да ја зачуваат власта.

И откако ќе се обелодени повеќе за тоа, на граѓаните може да им остане зачудувањето, а на режисерите, нарачателите или на посредувачите воздишката зошто тоа нешто го направија толку рано, а изборите се дури во следната пролет?!

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”