Правно или политичко решение во спорот со Грција?

by Фокус

Од сите можни стратегии и концепти за надминување на македонско-грчкиот спор за името, Македонија засега се обидува да ги обезбеди членството во НАТО и преговорите со ЕУ како БЈРМ, без притоа да го затвори спорот за името.

Во таа насока одат најавите за барање на спроведување на хашката пресуда од страна на Советот за безбедност, но експертската јавност е поделена во однос на овој чекор.

Постојат мислења дека нема тело или орган во светот кој ќе ја принуди Грција да ја испочитува пресудата, па затоа некои од нив сметаат дека ова е политички спор кој може да се реши единствено по пат на дијалог.

Други, пак, предлагаат покренување нова правна иницијатива за замена на ФИРОМ во ОН со Република Македонија.

Пишува:
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во бројот 953 од неделникот “Фокус”.