Правен избира декан, ДПМНЕ нема кандидат!

by Фокус

Според нашите информации, битката за декан на факултетот, по оставката на д-р Борче Давитковски, се води меѓу тројца кандидати, кои не се партиски определени и досега не биле дел од ниту една политичка партија.

Се работи за д-р Сашо Георгиевски, професор по меѓународно право, потоа д-р Горан Коевски вонреден професор по трговско право и д-р Димитар Гелев, професор по Право на друштва.

Дел од професорите се надеваат дека нема да дојде до поништување на изборот на новиот декан, бидејќи тоа би предизвикало нови проблеми на факултетот, кавги и поделби меѓу вработените.

Инаку, атмосферата на скопскиот Правен факултет веќе неколку месеци врие, откако владеачката партија инсталира повеќе свои партиски кадри а врши сериозен притисок факултетот да се ослободи од политички неподобните

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”