Политичарот кој пред избори заспива, после избори се буди во опозиција!

by Фокус

Оптимизмот, покрај сите позитивни страни кои се очигледни, има и една многу негативна компонента.

Имено, кога човек ќе стане убеден дека сѐ ќе излезе на добро, дека нема шанси да дојде до неуспех, па во еден миг му попушта концентрацијата и еланот, оти е уверен дека борбата веќе е завршена, победата е веќе извојувана и дека треба да се почне пред време со славењето.

Басната за трката меѓу зајакот и желката е најдобра илустрација за тоа како завршуваат преголемите оптимисти.

Зајакот убеден дека нема за што да се секира и дека неговата брзина наспроти бавноста на желката му ја гарантира победата, легнал да спие за да се одмори пред самиот крај на трката во која бил во значително и очекувано водство.

Но, зајакот се успал, и кога се разбудил, трката веќе била завршена, а желката која цело време упорно чекор по чекор се движела кон целта – наспроти сите очекувања победила!

Патем,  често нагалено лидерот на опозицијата го викаат Зајко, а Никола Груевски по социјалните мрежи (особено на Твитер) редовно го ословуваат со ознаката „#Ж“.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”