Поделениот СДСМ пред обединување или пред расцеп!

by Фокус 19:40
19:40

Актуелното партиско раководство, предводено од двоецот Зоран Заев – Радмила Шекеринска, го положи тестот за доверба на постизборниот отчетен конгрес во скопски „Александар палас“.

Иако тие како победници испратија пораки за обединување и сплотеност до поразеното малцинство што гравитира околу екслидерот Бранко Црвенковски, сепак, реториката не може да ја покрие реалноста за анимозитетот меѓу двете страни.

- Advertisements -

Веќе е јасно исцртана линијата на фронтот меѓу поддржувачите и противниците на старо-новото раководство на најголемата опозициска партија.

Но, сега прашањето е дали социјалдемократите ќе се консолидираат или ќе продолжат внатрепартиските судири меѓу „заевистите“ и „бранковистите“, чија пресметка не го доживеала своето крешчендо? Или, пак, можеби ќе се јави конфликт на друга линија?!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”