Панчевски барал од Џолев да ослободи Косовци обвинети за тешка кражба

by fokus

Независноста и притисоците врз судството се главните забелешки кои Македонија редовно ги добива во извештаите за напредокот на државата, изготвен од Европската комисија.

Судиите, пак, како да имаат дадено завет за молчење, постојано негираат дека работат под притисок. Заветот неодамна го прекрши судијата Иван Џолев, кој за притисок го обвини претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Според поднесената кривична пријава, претседателот писмено му укажал предметот што го водел за тешка кражба да го препушти на соседна држава, а му наредил и да влијае врз сведоците за да ги сменат исказите и да се откажат од обесштетувањето!

Пишува
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”