Груевци станаа трамповци

by fokus

Победата на Доналд Трамп не остави никого рамнодушен. Некои ја доживеаја како „американска трагедија“. Европските центри на моќ беа во шок.

Други западнаа во хистерична еуфорија. Левичарите го слават оти му зададе удар на „естаблишментот“. Крајните десничари паднаа во транс од неговата расистичка предизборна реторика.

Путинистите се вљубија во него на прв поглед, пак, откако тој му подели комплименти на рускиот „цар“ како „стронг мен“.

Најзабавно беше да се следат славеничките прчења на фановите на нашиот пастир за победата на Трамп. Фалеше само уште да прогласат дека Клинтоноица изгубила оти немала програма.

Груевци станаа трамповци! Толкава радост на Балканов споделија само шешељовци и колегите им од Златна зора.

Тамам да организираат четничко-комитска забава на која ќе се игра сиртаки

Пишува
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”