„Лојалните граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи“, пишува во учебникот по граѓанско образование за осмо одделение!
Власта е претставена како човек на пиедестал со силно стегната тупаница. Под него се наоѓаат сиви човечиња, а во толпата има и шаховска фигура – пион. „Власта е форма на моќ која е прифатена од оние што се покоруваат, бидејќи ја сметаат за оправдана и праведна“, се вели во дефиницијата за моќта во истиот учебник.
„Прочешлавме“ голем број учебници, разговаравме со многу професори и родители за да ги откриеме слабостите во македонските четива и книги од кои учениците треба да црпат знаења.
Она што го откривме говори за идеолошка индоктринација на образованието.
Надлежните по правило не сакаат да коментираат, родителите негодуваат, експертите се вчудовидени.
Пишува
Мери ЈОРДАНОВСКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”