Одмаздата на „полициското братство“

by Фокус

Чудна и штетна сорта „човечиња“ и „говеда“ ровари дење и ноќе на социјалните мрежи. Во интернет-жаргонот ги нарекуваат „тролови“.

Скандинавските митови и легенди ги опишуваат како огромни и глупави суштества кои ги мразат луѓето. Активни се само преку ноќ, затоа што сончевите зраци ги скаменуваат.

Во виртуелниот интернет-простор троловите се реалност и се од различни социјални слоеви и професии. Нивната мисија е на онлајн-форумите, фејсбук, чет-румс и личните блогови да објавуваат дезинформации, противречни, провокативни и груби коментари надвор од темата, со цел да предизвикаат емоционални одговори од други корисници, да ја пренасочат темата или, пак, да го спречат нормалниот тек на комуникациите.

Во современиот тренд на тролирање, самостојно или, пак, дискретно организирани, активно учествуваат и посебен сој ПДО тролови (припадници со посебни должности и овластувања во безбедносно-разузнавачките служби).

Пишува
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”