Одделено сме посилни

by Фокус

Македонија страда од елементарна фрагментираност. Вака некако би гласела првобитната дијагноза на земјата за и околу нејзините проблеми со целосноста.

Целосноста не се однесува на територијата или на централноста на владеењето, туку поточно на општата кохезија на нацијата, составена од сите граѓани, и тоа, пред сè друго: во јавноста и во културата.

Гледано од граѓанска перспектива, токму несознавањето на поделбите е нешто што владарите го користат да вметнат спинови.

Таков е случајот со актуелното составување на владата. Читателот на македонски ќе прочита дека владата ќе се состави на почетокот на јуни, без притоа да го земе предвид влијанието на партискиот конгрес на ДУИ кој ќе се одржи  во истиот период.

Читателот на албански, од друга страна, ќе прочита дека токму на конгресот на ДУИ ќе се одреди кои ќе бидат идните министри во владата на Груевски.

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”