Да не се лажеме, нам, како на соросоиди со веќе завршен мандат, многу ни значат 9 илјади евра, ама помила ни е желбата да се стремиме кон пазарно европско општество, во кое неделник од калибарот на „Фокус“ нема да се доведе во прашање, па макар казната била и нелогична, и драконска, па ако сакате и незаконска.
Затоа, верувајте, ќе си го читате „Фокус“.
Па, ќе го сметам малку и за навреда, ако помисливте дека ние, десетината „велики“ умови, збрани на едно место, со по дваесетина години искуство во медиумите, нема да продолжиме!
Туку, настрана „Фокус“, уште им се чудам на луѓето од Илинденска бб. Оти нема место за спокој таму додека „кртовите“ ја хранат Бихаќка со документи!
Пишува:
Младен ЧАДИКОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во бројот 955 од неделникот “Фокус”.