Од 1.000 броеви на „Фокус“ со Никола Младенов се 925!

by Фокус

Македонската демократска медиумска пролет Никола Младенов ја почна со првиот број на „Фокус“, на 23 јуни 1995 година. Тоа, за него, беше најлогично продолжување на предвесништвото што го направи со „Млад борец“ во топењето на мразот и отворањето на демократските процеси во Македонија.

Во речиси 20-те години на „Фокус“, македонската држава и општество доживеаја крупни, но сѐ уште недоволно суштествени и значајни трансформации. Се менуваше власта, но Македонија, за жал, не премногу.

Во тоа менување Никола целосно се вгради и се посвети. Тој беше најслободоумниот и безмерно најхрабриот новинар.

Таквите ниту една власт не ги сака, особено недемократската и авторитарната. За нив нема место во „темните вилаети“, каков што е нашиов.

Никола, поминувајќи и надминувајќи ги сите премрежја што му беа „приредувани“ од оние на кои во „мрак им е поубаво да владеат“, и покрај сите нивни напори, успеа да издаде 925 броеви на „Фокус“.

За жал, на 27 март 2013 година, се случи трагичната, чудна и контроверзна, сообраќајна несреќа во која загина Младенов, основачот и сопственик на „Фокус“.

По огромниот шок и болка, во „Фокус“ останаа тие што најмногу веруваа во сѐ што и тој веруваше. А пред сѐ – во Никола! Продолживме, и еве, дотеравме до 1.000-от број.

Не е исто, оти него го нема!

Подготви
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”