Никогаш нема да бидам како Иванов!

by Фокус

Претседателскиот кандидат од партијата на Стевчо Јакимовски, Зоран Поповски досега не беше експониран во јавноста. Професорот на Земјоделскиот факултет звучи доста убедливо кога вели дека нема да дозволи да биде продолжена рака на власта и дека, доколку биде избран, ќе ги исцрпи сите можности што ги нуди претседателската функција, за разлика од кандидатот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Она што сакавме да го знаеме е како е можно Поповски да очекува влез во вториот круг од претседателските избори кога таква судбина досега немал ниту еден кандидат од партија која не е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

Дали тој е тука за да го одвлече вниманието од СДСМ или, пак, навистина има желба и амбиција да ја разработи третата опција за Македонија?

„Фокус“ испрати барања за интервју до сите четворица претседателски кандидати, но од Ѓорге Иванов и од Илјаз Халими досега не добивме одговор.

Разговараше
Мери ЈОРДАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”.