Неветено, а остварено!

by Фокус

Од немајкаде, економскиот тим на државава сега ќе се втурне во авантура со издавање еврообврзница. Скапа авантура, откако Македонија во оваа и во следната година влегува со нарушен кредитен рејтинг (според агенцијата Стандард и Пурс), што ќе значи дека бајаги дебелки камати ќе плаќаме.

Дополнително, треба да се има предвид дека политичката ситуација ќе зоврива. Еврообврзницата е всушност нужно зло за владата, која се соочи со безизлез од каде да најде пари, по ударничкото темпо во задолжувањата изминативе години.

Сепак, верувајќи во ПР-овската машинерија црното да го претстави бело, а белото црно, за очекување е „проектот“ еврообврзница 2015-та, да биде јубилеен 2015-ти проект во програмата на Владата. Неветено, а остварено!

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”