Груевски бара половина милион евра од Заев за клевета!

by Фокус

На сите јавно изразени сомнежи на опозицијата за криминал во редовите на власта, ВМРО-ДПМНЕ одговара со тужби за клевета. Наспроти сериозните докази што му се нудат на јавното обвинителство преку кривични пријави за високи функционери на власта, владејачката партија, во обид да ги релативизира сомнежите и напишаното во пријавите, како контраудар го користи граѓанскиот суд и покренува процеси.

Со тужбата против лидерот на СДСМ, Груевски бара неверојатни 500 илјади евра отштета од Заев. Висината на сумата може да се цени како одраз на револтот или гневот што го предизвикал Заев на прес-конференција со изнесените тврдења за криминал на Груевски.

Од друга страна, пак, ако судот го прогласи Заев за виновен и пресуди толкава сума, во согласност со авторитетот и позицијата на Груевски, тогаш секако дека постои и намера за финансиско исцрпување на Заев, кој и натаму важи за еден од главните финансиери на партијата!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”