Така-вака, Македонија полека пристигнува во финалето на Пржинскиот договор со одредувањето на датумот на избори. Иако според владејачките партии тој е веќе одреден и за таа цел тие дури изгласаа и една иднинска одлука во Собранието, сепак датумот на завршницата ќе се одреди дополнително.
Секако, по толку нелегитимни одлуки на Собранието за минатото, како што беше случајот при прогласувањето за културно наследство на објекти кои претходно беа извадени од тој статус за да станат нови, ред беше да има и една одлука за во иднина.
Па, и кога е тоа неизвесна и нелегитимна како и можноста без услови за избори да се прогласат избори?!
А дека дополнително ќе биде прогласен и договорен датумот, се знае од многу работи, но, пред сѐ, од сѐ уште недоговорените: прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.
Пишува
Рамадан РАМАДАНИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”