Во моментов, СМРАД-от е во фаза на неартикулирана и очајничка психолошко-пропагандна активност, која подразбира ширење масовна хистерија, односно страв од контрареволуции, братоубиствени војни, продавање на името и веројатно терористички акции од ИД.
И сето тоа поради сѐ попразните автобуси што доаѓаат на контрапротестите и сѐ помалиот број некогашни поддржувачи на партијата на власт, кои се оглушуваат на ревносните смс-закани, ги игнорираат паничните повици за „судниот ден“ и не подлегнуваат на притисоците дека ќе го изгубат работното место ако не се појават во даден момент, на дадена локација.
Зачекоруваат по патеката на непокорот. Од оваа страна на барикадите.
Пишува:
Гордана ПОПСИМОНОВА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”